Санчез признал даночно затајување, осуден на 16 месеци затвор

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед е осуден на 16 месеци затвор поради затајување данок во Шпанија во износ од еден милион евра…

Од друга страна, Алексис Санчез нема да отслужи казна зад решетките, бидејќи ова му е прв ваков прекршок и поради тоа што казната е помала од две години.

Поранешниот напаѓач на Барселона ја признал вината и ќе ја исплати споменатата сума со камата, но нема да оди во затвор, затоа што спрема шпанскиот закон, казна под 24 месеци не мора да се отслужи.

Чилеанецот е обвинет дека не пријавил приход за имиџот на правата во 2012. и 2013. год., додека настапувал за Барса.

Ист договор со шпанските власти направија претходно уште Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Рикардо Карваљо и Жозе Мурињо кои исто така признаа даночно затајување.