„Самба“ во Берлин: Габриел Хесус му „пресуди“ на светскиот шампион Германија! (ВИДЕО)

Денеска се играат голем број на пријателски натпревари, помеѓу нив вистински мега средби ширум Европа и светот…

На Олимпискиот стадион во Берлин, светскиот шампион Германија загуби со минимален резултат 0:1 од селекцијата на Бразил.

Стрелец на единствениот гол за „кариоките“ беше Габриел Хесус после асистенцијата на Вилијан во 37. мин. од средбата.

Германија: Трап, Платенхард, Рудигер, Боатенг (Суле 68), Кимих, Крос, Гундоган (Вернер 81), Сане (Стиндл 61), Дракслер, Горецка (Бранд 61), Гомез (Вагнер 62).

Бразил: Алисон, Алвеш, Силва, Миранда, Марсело, Фернандињо, Касемиро, Паулињо, Вилијан, Габриел Хесус, Кутињо (Д. Кошта 73).

Се одигра уште еден занимлив контролен меч на „Крестовски“ стадионот во Ст. Петерсбург, каде што домаќинот на следното СП загуби од Франција со 1:3.

После првото полувреме водеа „триколорите“ со погодокот на Мбапе во 40. мин. откако претходно беше пронајден од Погба.

Потоа, фудбалерот на Манчестер Јунајтед зголеми на стартот од второто полувреме, па намали Смолов, а конечниот епилог во 83. мин. го постави Мбапе со својот втор гол на средбата, овојпат асистент беше играчот на Јувентус, Матуиди.

Пријателски натпревари, резултати:

Јапонија-Украина 1:2
Ерменија-Литванија 0:1
Грузија-Естонија 2:0
Русија-Франција 1:3

Косово-Буркина Фасо 2:0
Швајцарија-Панама 6:0
Црна Гора-Турција 2:2
Босна и Херцеговина-Сенегал 0:0

Данска-Чиле 0:0
Грција-Египет 1:0
Унгарија-Шкотска 0:1
Брегот на Слоновата коска-Молдавија 2:1

Словенија-Белорусија 0:2
Луксембург-Австрија 0:4
Белгија-Саудиска Арабија 4:0
Полска-Јужна Кореја 3:2