Салах прогласен за најдобар фудбалер сезонава во Премиерлигата

Фудбалерот на Ливерпул е прогласен за најдобар играч оваа сезона во Премиерлигата во изборот на колегите…

Првиот стрелец во најквалитетната англиска лига со 31 гол. Мохамед Салах ја доби наградата пред фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин де Брујн и напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн.

Египетскиот интернационалец оваа сезона постигнуваше нови рекорди, прв во историјата на Премиерлиата кој три месеци по ред беше најдобар, а воедно го надмина рекордот на Алан Ширер, Кристијано Роналдо и Луис Суарез по бројот на погодоци.

Шанса да го поправи својот учинок ќе има против екипите на Стоук, својот поранешен клуб Челзи и Брајтон.

За најдобар млад фудбалер е избран Лирој Сане од редовите на Манчестер Сити, а во продолжение погледнете го и идеалниот тим на сезоната:

Давид де Геа (Манчестер Јунајтед), Кајл Вокер (Манчестер Сити), Јан Вертонген (Тотенхем), Николас Отаменди (Манчестер Сити), Маркос Алонсо (Челзи), Давид Силва (Манчестер Сити), Кевин де Брујн (Манчестер Сити), Кристијан Ериксен (Тотенхем), Мохамед Салах (Ливерпул), Хари Кејн (Тотенхем), Серхио Агуеро (Манчестер Сити).