Роналдо знае: Еве кој треба да брани за Реал Мадрид!

Кристијано Роналдо побара од Реал Мадрид да го обезбеди потписот на голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа, пренесува „Дејли Мирор“.

Де Геа беше блиску да им се придружи на шпанските гиганти во 2015. година, но одлучи да остане во Премиерлигата, поточно во редовите на „црвените“ ѓаволи“.

Роналдо сака што поскоро да дојде чувар на мрежата на „Сантјаго Бернабеу“ откако подоцна го замени Кејлор Навас, приоритет е Де Геа, но според информациите се следи ситуацијата и со ѕвездата на Челзи, Тибо Куртоа.

26-годишниот шпански репрезентативец досега за Јунајтед има вкупно 208 натпревари, а претходно во кариерата ги бранеше уште боите на Атлетико Мадрид.