Роналдо немаше гол против Баерн, но барем запиша нов рекорд во ЛШ!

Кристијано Роналдо во првиот натпревар од полуфиналето немаше некоја позначајна улога во триумфот на Реал Мадрид на „Алијанц“ Арената против Баерн Минхен (1:2) во Лигата на шампионите.

Португалецот, не само што не успеа да постигне погодок, туку и ниту еднаш не шутираше спрема противничкиот гол, што не му случувало во претходните 16. мечеви од ЛШ.

Но, ѕвездата на „кралевите“ барем запиша уште еден рекорд во најквалитетната европска фудбалска елита. Стана играч со најмногу победи во ЛШ, односно ова беше негова 96-та и сега има една повеќе од легендарниот голман на Реал, Икер Касиљас.

На оваа листа трет е Чави со 91. победа, пред Иниеста и Раул по 79 во ова натпреварување.