Роналдо најдобар стрелец и асистент во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо не е само најдобар стрелец, туку и најдобар асистент во Лигата на шампиониоте, барем во изминатите 10 години.

Во најновата победа од ЛШ над АПОЕЛ (0:6) „кралевите“ со трите бодови практично го обезбедија настапот во осминафиналето од натпреварувањето.

Португалецот еднаш асистираше (до Карим Бензема) и двапати се запиша во листата на стрелците. Во последната деценија асистираше за 27 голови за екипите на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед во ЛШ.

Во меѓувреме Роналдо надмина уште еден рекорд од елитното натпреварување, го поправи сопствениот од 2015. со најмногу голови во календарска година.

Пред две години постигна 16, овој рекорд го престигна против споменатиот кипарски клуб, моментно има 18 погодоци, на едно коло пред крајот во ЛШ.

Роналдо можеби не може да ја пронајде формата во Примера, реализираше само еден на осум мечеви од скоро 60 шутеви, но во ЛШ е и понатаму одличен. Моментно е на шест голови во четири и пол настапи оваа сезона.