Роналдо гол-машина, 50 јубилеен хет-трик: „Кралевите“ немилосрдни против Жирона! (ВИДЕО)

В недела се одиграа пет натпревари од 29. коло во најсилното шпанско фудбалско првенство…

Најмногу голови имаше на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ во Мадрид каде што Реал со 6:3 ја совлада Жирона.

Повторно блескаше Роналдо со четири голови, по еднаш во листата на стрелците кај „кралевите“ се запишаа Лукас и Бејл.

Гостите единствено беа рамноправно во првото полувреме (1:1), после првиот погодок на Роналдо, успеаја да израмнат во 29. мин. преку Стуани, а истиот играч намали на 4:2 во 67. мин.

Дефинитивно човек на мечот беше Кристијано Роналдо кој дојде до својот 50. јубилеен хет-трик во сите натпреварувања и дојде до бројката од 21 гол во Примера од 23. одиграни дуели.

Со оваа победа „кралевите“ им се приближија на „јорганџиите“ кои вечерва загубија на гостувањето кај тимот на Виљареал.

Примера, 29. коло

Недела, резултати:

Леганес-Севиља 2:1
Барселона-Атлетик Билбао 2:0
Селта Виго-Малага 0:0
Виљареал-Атлетико Мадрид 2:1
Реал Мадрид-Жирона 6:3

Табела:

1.Барселона 75 бодови
2.Атлетико Мадрид 64
3.Реал Мадрид 60
4.Валенсија 59
5.Виљареал 47
6.Севиља 45

18.Лас Палмас 21
19.Депортиво Ла Коруња 20
20.Малага 14

Реал Мадрид – Жирона. Обзор матча. Чемпионат Испании 2017/18. 29 тур. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.