Роналдињо: Постои голема шанса да ја завршам кариерата во 2018 година! (ВИДЕО)

Поранешниот фудбалер на Барселона и Милан вкупно две години е без клуб, откако го напушти Флуминенсе после само три месеци.

Според информациите бразилската легенда Роналдињо (37) има намера да потпише за уште еден клуб пред да ја заврши славната и богата кариера.

Постои голема шанса да ја завршам мојата кариера следната година. Би можел да организирам проштален натпревар во еден од клубовите каде што сум настапувал, морам за тоа да размислувам.

Кога ќе се повлечам од фудбалот, ќе се посветам на музичките проекти или фудбалските школи. Тоа е нешто ново замене, морам да се прилагодам“, рече Роналдињо за бразилските медиуми.

Роналдињо веќе две години игра егзибициски и хуманитарни мечеви ширум светот, а воедно и ја извршува улогата амбасадор на Барселона.

Најдобриот играч на светот за 2004. и 2005. година своевремено ги бранеше боите на Гремио, ПСЖ, Барселона, Милан, Фламенго, Атлетико Минеиро, мексиканскиот Керетаро и Флуминенсе. За бразилската репрезентација имаше 97 натпревари и 33 голови и со „кариоките“ успеа да ги освои „Копа Америка“, СП 2012 и Купот на Конфедерациите.