Ројс потпиша нов договор со Борусија Дортмунд

Повремениот германски репрезентативец потпиша нов договор до лето 2023. година…

Управата на клубот не се двоумеше околу одлуката да се продолжи соработката со Марко Ројс, иако фановите беа загрижени кога се здоби со повреда минатата година поради која седум месеци беше надвор од терените.

Од 2012. година го носам дресот на Борусија Дортмунд. Среќен и горд сум што мојата иднина е во овој клуб. Дортмунд е мојот дом, Борусија е мојот клуб.

Уште како дете сонував да трчам во жолтиот дрес и играм за Борусија“, рече 28-годишниот германски напаѓач.

Тој досега за „милионерите“ има 130 натпревари и 59 голови, со по еден трофеј во германскиот национален Куп и Суперкуп.