Родригез пред полуфиналето во ЛШ: Реал не е само Роналдо!

Полуфиналниот меч од Лигата на шампионите помеѓу Баерн од Минхен и Реал Мадрид за еден играч на баварската екипа ќе биде посебен.

Џејмс Родригез, кој минатото лето од Примера се пресели во Бундеслигата, ќе игра против клубот од кого е позајмен две години токму на „Алијанц“.

Колумбискиот интернационалец говореше во интервјуто за „АС“:

Двата натпревари ќе бидат посебни за мене. Три години бев во Реал, таму имам пријатели и убави спомени од тој период. Сега размислувам само на мојот клуб и околу тоа како можеме да го елиминираме Реал. Сакам со својот квалитет да придонесам и помогнам екипата да стигне до финалето во Киев. Баерн не мора да се крие, покажа многу пати како се игра против Реал“, рече Родригез, а потоа додаде:

Роналдо е „машина“ за давање голови, а тоа многу пати го потврдил на терените. Броевите говорат сами за себе. Се надевам дека ќе имаме добар ден со цел да играме против Реал и дека ќе успееме да го запреме и дека нема да има добро издание. Реал не е само Кристијано. На сите позиции имаат одлични играчи, нема да биде лесно“.

„Кралевите“ се први во историјата кои успеале да ја одбранат титулата во ЛШ, но кога е во прашање оваа сезона во Примера, таму трофејот веќе е завршена приказна, односно се наоѓаат дури на третата позиција со 67 бодови, дури 15 помалку зад водечката Барселона. Од друга страна Баерн веќе ја заврши својата задача и оваа сезона ја одбрани титулата во Бундеслигата.

Да потсетиме, првиот меч од полуфиналето во ЛШ помеѓу Баерн и Реал ќе се игра во Германија на 25. април, а реваншот е на 1. мај во Шпанија.