Родригез останува во Баерн, активирана откупната клаузула за 42 милиони евра!?

Колумбискиот фудбалер ќе остане во редовите на баварскиот гигант…

Џејмс Родригез ќе остане верен на Баерн Минхен и по истекот на двегодишната позајмица од Реал Мадрид, германскиот шампион одлучи да ја активира откупната клаузула за 42 милиони евра.

Челниците на Баерн ги известиле колегите од Мадрид дека ќе го задржат овој одличен 26-годишен играч за врска и тоа на инсистирање на тренерот Јуп Хејнкер, пишува шпанската „Марка“.

Со развојот на ситуацијата задоволен е и самиот Родригез, за разлика од Реал каде што немаше голема улога, по што во голема мера започна да го учи германскиот јазик со план што подолго време остане во Минхен.

Потсетување, дека минатото лето дојде во Баерн за 13. милиони евра, колку што изнесуваше позајмицата, но веќе покажува позитивни резултати после осум месеци.

Поранешниот фудбалер на Порто и Монако досега на 28. натпревари за Баерн Минхен запиша вкупно пет голови и 11. асистенции.