Ристовски и Спортинг во четвртфиналето на Лига Европа (ВИДЕО)

Се одигра реванш осминафиналниот натпревар од Лига Европа на дуелот помеѓу Плзењ и Спортинг…

После победата од 2:0 на домашен терен, португалскиот состав загуби во Чешка со резултат 2:1 после продолженијата.

Домаќините успеа во регуларните 90. минути да ја анулира негативата од првата средба со головите на словачкиот интернационалец Бакос.

Пред самиот финиш на првото полувреме за гостите пенал не реализираше Холанѓанецот Дост (90+2). На истекот од првото продолжение Фернандеш изведе корнер, највисоко со глава скокна Баталја и го постигна решавачкиот гол за Спортинг кој значеше пласман во четвртфиналната фаза.

Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски беше на клупата за резервни играчи, но не доби шанса за настап од тренерот Жезус.

Во четвртфиналето, освен Спортинг Лисабон се најдоа досега уште екипите на Атлетико Мадрид, Марсеј, Лацио и Лајпциг.

Виктория Пльзень – Спортинг. Обзор матча. Лига Европы от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.