Реина на лекарски прегледи, а Челзи ја следи ситуацијата со Донарума!?

Челзи ја следи ситутацијата со Џанлуиџи Донарума во Милан, пренесува „Кориере дело Спорт“.

Според информациите 19-годишниот италијански голман е опција за „сините“ од Лондон и замена доколку одлучи Тибо Куртоа да го напушти „Стемфорд Бриџ“.

Истиот извор воедно вели дека чуварот на мрежата Пепе Реина дека ова седмица се наоѓа на лекарски прегледи на „Сан Сиро“. Поранешниот член на Ливерпул има договор со Наполи до крајот на сезоната и е блиску до потпис со „росонерите“.

Се очекува Шпанецот да потпише две-годишен договор со Милан со можност за продолжување на соработката на уште една година, во трансфер вреден три милиони евра по сезона.