Референдумот е в недела: Реално ли е Барса да игра во Премиерлигата!?

Според најавите в недела (1. октомври 2017 год.) ќе се одржи референдумот за независност на Каталонија…

Ако се изгласа за отцепување од Шпанија, Барселона како една од најдобрите светски фудбалски екипи нема да има право да настапува во Примера или било кое друго шпанско натпреварување, односно се шпекулира дека во иднина би можела да игра во англиската Премиерлига, италијанската Серија А или француската Лига 1, тврди регионалниот спортски министер.

Каталонците овој референдум го најавуваат веќе подолго време, а низ сиот овој период останува нејасно што ќе се случи со каталонските клубови – Барселона, Еспањол и Жирона, ако навистина референдумот биде успешен.

Жерар Фигуерас не е загрижен, тврди дека пред фудбалските клубови е голем избор.

Во случај на независност, каталонските клубови во Примера – Барселона, Еспањол и Жирона ќе мора да одлучат каде сакаат да играат: во шпанската лига или во соседните држави како Италија, Франција, па дури и Премиерлигата“, рече Фигуерас, а потоа додаде:

И сега во Шпанија имаме клубови од други држави кои играат во националните првенства: клубови од Андора, во фудбалот и кошарката. Монако игра во Франција, во Англија велшките клубови. Мислам дека нема ништо против клуб од една држава да игра во првенство на друга“.

Иако Каталонците сметаат дека Примера би била реална опција во случај на отцепување, од друга страна Шпанците не се подготвени да ги пречекаат како добредојдени во својата земја.

Во спортот се мора да биде јасно – ако Каталонија се отцепи од Шпанија, нивните клубови нема да може да играат во Примера. Се надевам дека до тоа нема да се случи“, тврди Хавиер Тебас, првиот човек на шпанската Примера.

Околу целата ситуација клубовите сеуште се немаат огласено, сите чекаат како ќе помине референдумот и одлуката на народот, а потоа ќе се размислува за следните чекори.