Реал со пресврт во Минхен: „Кралевите“ на чекор од трето финале по ред во ЛШ! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал од Мадрид ја совладаа на гости екипата на Баерн во Минхен со 2:1 во првиот меч од полуфиналето од Лигата на шампионите.

Реал славеше со головите на Марсело и Асенсио во 44. и 57. минута и тоа после пресврт, откако Баерн поведе во 28. мин. со голот на Кимих.

Реваншот е на 1. мај на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ – Мадрид со почеток од 20:45 часот. Да потсетиме, вчера во првиот дуел на „Енфилд“, Ливерпул со 5:2 ја совлада Рома.

Бавария – Реал Мадрид. Обзор матча. Лига Чемпионов 2017/18. Полуфинал. 1-й матч. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.