Реал Мадрид спрема трансфер бомба – три ѕвезди за Кејн?

Според англиските и шпанските медиуми, претседателот на Реал Флорентино Перез има намера на „Сантјаго Бернабеу“ да го доведе напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн.

Од друга страна како дел од самиот евентуален договор во спротивен правец во Лондон би заминале Лука Модриќ, Герет Бејл и Карим Бензема.

Англискиот репрезентативец игра фантастично во септември, а веќе неколку години е помеѓу најдобрите стрелци во Европа, што автоматски веднаш се најде на „радарот на „кралевите“.

Втората опција на Перез е д плати 200 милиони евра, колку што бара премиерлигашкиот клуб. Шпанските медиуми пишуваат дека на мадридскиот гигант најмногу би му одговарал Кејн како замена за Бејл, но тоа не е реално после низата повреди на Велшанецот, што доведе и да падне неговата цена на фудбалскиот пазар.

Затоа, како што се шпекулира во Реал се подготвени да го продадат и Бензема и 32-годишниот Хрват, чие место можно е да ги пополнат Дани Себалос и Матео Ковачиќ.