Рафиња од Барселона на позајмица во Интер

Рафаел Алкантара, или подобро познат како Рафиња до крајот на сезоната ќе игра на позајмица во Интер од Барселона.

Денеска двата тима официјално ја потврдија оваа информација за трансферот на 24-годишниот бразилски играч од средниот ред.

Досега за Барса (чиј член е од 2011) има вкупно 48 натпревари и осум голови, а исто беше и позајмен во Селта Виго каде што забележа биланс од 32 мечеви и четири погодоци.

Италијанскиот клуб од Милано ја има опцијата да го откупи договорот на 25-годишниот фудбалер по цена од 35 милиони евра.

Оваа сезона не одигра ниту еден меч за каталонскиот гигант во Примера, најпрвин играше за помладите селекции на Шпанија, а во 2015. година дебитираше во сениорскиот дрес на Бразил.