Пукна „петарда“ во Мадрид: Барселона го освои 30. трофеј во Кралскиот куп! (ФОТО, ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона го освоија четврти пат по ред шпанскиот Кралски куп (30. во клупската историја), совладувајќи ја екипата на Севиља со убедливи 5:0.

Барселона во водство во 14. минута ја доведе Луис Суарез, а во 31. минута предноста ја зголеми Меси. Својот втор гол на мечот Суарез го постигна во 40. минута.

Во второто полувреме беа забележани уште два гола, од кои еден на Иниеста (31 трофеј во кариерата со Барса) кој во солзи го проследи овој дуел како последно финале во ова натпреварување во дресот на каалонскиот гигант.

Конечниот епилог за комплетирање на „петардата“ на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид го постави Кутињо од пенал во 69. мин.

Воедно да додадеме уште дека Суарез стигна до бројката од 150 постигнати голови за Барселона во сите натпреварувања, во неговиот 193. настап.


Севилья – Барселона. Обзор матча. Кубок Испании 2017/18. Финал от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.