ПСЖ чека: Откупната клаузула на Донарума ќе зависи од тоа дали Милан ќе игра во ЛШ!

Голманот на Милан е понуден на „светците“, пренесува „АС“…

Во период на шпекулации Џанлуиџи Донарума минатата година потпиша нов договор со „росонерите“, но неговиот агент Мино Рајола има намера да му обезбеди трансфер следното лето во францускиот шампион.

Откупната клаузула на италијанскиот голман на крајот од сезоната ќе зависи дали Милан ќе обезбеди настап во квалификациите за Лигата на шампионите наредната натпреварувачка сезона.

Доколку екипата од „Сан Сиро“ успее во таквата намера, откупната клаузула за Донарума ќе изнесува 70. милиони евра, во спротивно сумата ќе „падне“ на 40.