Прво му се смееја навивачите, а потоа „Гранде Пандев“ ја затресе мрежата на Лацио! (ВИДЕО)

Вечерва во рамките од 23. коло Џенова гостува кај Лацио во италијанската Серија А…

Македонскиот интернационалец Горан Пандев на мегдан против својот поранешен клуб од каде има убави спомени незаборавајќи ги головите во ЛШ против Реал Мадрид (2:2) и трофеите во Купот и Суперкупот на Италија.

После првото полувреме на „Олимпико“ во Рим немаше голови, еден интересен момент го привлече вниманието во кој се најде нашиот репрезентативец.

Веднаш се огласија навивачите на Лацио на социјалните мрежи сметајќи го ваквиот потег на Пандев испадна како комичен.

Најпрвин Пандев после еден груб старт на противнички играч на Лацио падна и се жалеше на повреда, главниот судија не досуди ништо и траеше и понатаму акцијата на домаќините. Пандев веднаш стана како ништо да не го фаулирало, ја украде топката и создаде контранапад, убаво го пронајде Лаксалт чиј удар заврши само во домашниот голман.

Во 55. минута од второто полувреме нашиот играч донесе водство за 0:1 (втор гол сезонава) против „небесно-сините“ кои четири минути подоцна израмнија преку Пароло.