Проблеми за Валенсија во незгоден момент: Заза мора на операција!

После неколку години стагнација Валенсија повторно блеска во шпанскиот шампионат, а еден од најзаслужните за тоа е Симоне Заза кој досега играше во врвна форма.

Италијанскиот интернационалец на 11. одиграни натпревари постигна девет голови и е моментно помеѓу најдобрите стрелци во Примера, но дојдоа лоши вести за тренерот Марселино.

Имено, играчот ќе мора да оди на операција откако ја влоши повредата на менискусот на тренингот со репрезентацијата на Италија.

Марселино изјавил дека со таа повреда веќе игра одредено време и дека е добро, но ќе мора да оди на операција, со оглед на тоа што не може да се реши проблемот со мирување.

Валенсија моментно е второпласирана во првеството со 27. бодови, четири помалку од лидерот Барселона, а четири повеќе од Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.

Да додадеме уште дека започна 12. коло со првиот натпревар, ремизираа екипите на Хирона и Реал Сосиедад со конечен резултат 1:1. Валенсија в недела од 16:15 часот ќе му гостува на Еспањол.