Пристигнувањето на Ибрахимовиќ во Лос Анџелес Галакси! (ВИДЕО)

Неодамна шведскиот интернационалец го напушти Манчестер Јунајтед…

Златан Ибрахимовиќ одлучи својата професионална кариера да ја продолжи во САД, поточно во редовите на Лос Анџелес Галакси.

Бројни навивачи со дресови, шалови и „селфи“ го пречекаа овој фантастичен голгетер кој даваше автограми пред неверојатното „стампедо“.

Доаѓањето во новиот клуб 38-годишниот Ибра го најави на својот „Инстаграм“ профил, а потсетување пред да се пресели на „Олд Трафорд“, играше уште за ПСЖ, Милан, Барселона, Интер, Јувентус, Ајакс и Малме.