Примера: „Торпедиран“ Реал среде Бернабеу, дали Барса е новиот шампион? (ВИДЕО)

Изненадувачки рутинска и убедлива победа на Каталонците и тоа на стадионот „Сантјаго Бернабеу“, и сега дури +14 е каталонскиот гигант на табелата пред „кралевите“ во најсилното шпанско првенство.

Во генералниот пласман води Барса со 45 бодови, пред Атлетико Мадрид со 36, следува Валенсија со 34, а дури четвртопласиран е актуелниот бранител на трофејот во Примера, Реал Мадрид со 31 бод.

Немаше голови во првото полувреме, но затоа доминираа во второто, најпрвин после асистенцијата на Роберто дојде гостинот во водство преку Суарез во 54. минута.

Десет минути подоцна зголеми Меси од пенал, претходно Карвахал доби црвен картон поради прекршокот во казнетиот простор.

Се беше решено во 93. минута кога Меси најпрвин се ослободи убаво со дриблинг се ослободи од Марсело, додаде до Видал за голема радост на Барселона.

Во новата 2018. година, Барса на 7. јануари на својот „Камп Ноу“ ќе го пречека Леванте на македонскиот интернационалец Енис Барди кој нема да настапи поради жолти картони, додека истиот ден Реал ќе гостува кај Селта Виго.

Реал Мадрид – Барселона. Обзор матча. Чемпионат Испании 2017/18. 17 тур. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.