Примера: Роналдо или Модриќ, „кралевите“ во финишот избегнаа пораз од Билбао! (ФОТО, ВИДЕО)

Се одиграа три натпревари од 33. коло во најсилното шпанско фудбалско првенство…

На стадионот „Сантјаго Бернабеу“ Реал Мадрид мораше да се спаси од пораз откако ремизираше 1:1 против Атлетик Билбао.

После првото полувреме водеа гостите со погодокот на Вилијамс после асистенцијата на Кордоба во 14. мин. од средбата.

Израмнувањето се случи во 87. мин. кога Модриќ шутираше, а со „пета“ реагираше Роналдо за радост на трибините. Португалецот за прв во неговата кариера реализира гол на 12. лигашки мечеви по ред за „кралевите“.

Во останатите два меча Валенсија загуби на домашен терен од Хетафе (1:2), додека Еибар со 0:1 славеше кај тимот на Еспањол.

На табелата води Барселона со 83 бодови, пред мадридските гиганти Атлетико (71) и Реал (68), четвртопласирана е Валенсија со 65.


Реал Мадрид – Атлетик Бильбао. Обзор матча от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.