Примера: Реал Мадрид со „резерви“ го потврди пласманот во ЛШ! (ВИДЕО)

Во натпреварот од 34. коло во најсилното шпанско фудбалско првенство составот на Реал Мадрид без најдобрите играчи го совлада Леганес со 2:1.

Головите за „кралскиот“ клуб ги постигнаа Бејл во осмата и Мајорал во 45., додека единствениот погодок за гостите го реализираше Брашанац во 66-та на „Сантјаго Бернабеу“.

Европскиот шампион предводен од тренерот Зидан одлучи да ги одмори првотимците за возвратниот дуел од Лигата на шампионите во полуфиналето против екипата на Баерн од Минхен.

Со овие три бода Реал си обезбеди директен настап во групите од ЛШ наредната сезона, моментно е на третото место на табелата во Примера со 71 бод.

Примера, 35. коло

Сабота, резултати:

Еспањол-Лас Палмас 1:1
Реал Сосиедад-Атлетик Билбао 3:1
Реал Мадрид-Леганес 2:1
Виљареал-Селта Виго 4:1

Табела:

1.Барселона 83 бодови
2.Атлетико Мадрид 72
3.Реал Мадрид 71
4.Валенсија 66
5.Бетис 56
6.Виљареал 54
7.Севиља 48

18.Депортиво Ла Коруња 28
19.Лас Палмас 22
20.Малага 20