Примера: Португалецот во одлична форма, Роналдо двапати го „матираше“ Еибар! (ФОТО, ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа денеска Еибар со резултат 1:2 во рамките од 28. коло.

Кристијано Роналдо и во овој натпревар покажа дека се наоѓа во одлична форма, Португалецот со денешните два гола стигна до бројката од 17 погодоци на последните 10. мечеви.

Уште еден интересен податок, ѕвездата на Реал е моментно втор најдобар стрелец во Топ 5 европските лиги сезонава во сите натпреварувања со 33 погодоци, единствено Харик Кејн од Тотенхем има повеќе (35).

Домаќинот кој даде силен отпор против „кралевите“ успеа да израмни во 50. минута, корнер изведе Педро Леон, а Иван Рамис беше највисок во скокот за радост на „Ипуруа“ стадионот.

На табелата избраниците на тренерот Зинедин Зидан се наоѓаат на третото место со 57 бодови, додека Еибар е осмопласиран со 39, но и понатаму со шанси за меѓународен настап наредната сезона.

Эйбар – Реал Мадрид. Обзор матча. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.