Примера: Ова ретко се случува, ја победија Барса, сега и Реал Мадрид! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Еспањол го совладаа вечерва на свој терен Реал Мадрид со 1:0 во првиот натпревар од 26. коло на шпанската Примера.

Реал, актуелниот шампион на Шпанија, уште еднаш оваа сезона во Примера не беше на препознатливото ниво. Екипата на Зинедин Зидан за нешто повеќе од 90. минути игра создаде вкупно една добра шанса, што ги чинеше и бодови.

Еспањл се надигруваше со шампионот на Европа, а на крајот дојде и до победата и тоа благодарение на Жерар Морено кој во последните секунди после асистенцијата на Серхио Гарсија го совлада Кејлор Навас.

Така, после Барселона (Копа дел Реј, победа на 17. јануари со 1:0), играчите на Еспањол пред своите гледачи сезонава беа подобри и од уште еден шпански великан.

Каталонскиот клуб по вечерашниот триумф има досега освоени 31. бод и моментно се наоѓа на 13. место, додека „кралевите“ се третопласирани со 51.

Примера, 26. коло

Еспањол-Реал Мадрид 1:0
Жирона-Селта Виго 1:0

Табела:

1.Барселона 65 бодови
2.Атлетико Мадрид 58
3.Реал Мадрид 51
4.Валенсија 49
5.Виљареал 41
6.Севиља 39

18.Лас Палмас 19
19.Депортиво Ла Коруња 18
20.Малага 13

Эспаньол – Реал Мадрид. Обзор матча. Ла Лига, Тур 26 от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.