Примера: Ново „шоу“ на Меси, а „кралевите“ го слават Иско! (ВИДЕО)

Се одиграа сите натпревари од неделната програма на седмото коло во најсилното шпанско првенство…

Фаворитите славеа победи, поради немилите настани во Барселона по повод референдумот за независност на Каталонија мечот Барселона-Лас Палмас се играше пред празни трибини на „Камп Ноу“.

Се шпекулираше дека е и можно одложување на средбата, но организаторите одлучија тоа да не се случи, каталонскиот гигант на „крилјата“ на првата ѕвезда Меси дојде до нови три бода, откако со 3:0 го совлада Лас Палмас.

Најпрвин Аргентинецот асистираше во 49. минута за Бускетс, а потоа се запиша двапати во листата на стрелците во 70-та и 77-та мин. за вкупно седма победа по ред и максимален 21 бод на врвот на табелата.

Реал Мадрид на својот „Сантјаго Бернабеу“ вечерва со 2:0 беше подобар од Еспањол, најзаслужен за новата победа на „кралевите“ е Иско со погодоци во 30-та и 71-та мин.

Примера, 7. коло

Недела (резултати):

Реал Сосиедад-Бетис 4:4
Барселона-Лас Палмас 3:0
Валенсија-Атлетик Билбао 3:2
Виљареал-Еибар 3:0
Реал Мадрид-Еспањол 2:0

Табела:

1.Барселона 21 бод
2.Севиља 16
3.Валенсија 15
4.Атлетико Мадрид 15
5.Реал Мадрид 14
6.Бетис 13

Барселона – Лас-Пальмас 3:0. Обзор матча от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.

Peал Мадрид – Эспаньол от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.