Примера: Леванте извлече бод, Барди не доби шанса против Реал Мадрид! (ВИДЕО)

В сабота се одиграа вкупно четири натпревари од 22. коло во најсилното шпанско фудбалско првенство…

Составот на Леванте ремизираше на домашен терен против Реал Мадрид со конечен резултат 2:2 на стадионот во Валенсија.

Водеа „кралевите“ со голот на Рамос во 11. минута, а непосредно пред самата пауза израмнија домаќините преку Боатенг.

Повторно Реал беше во водство кое го донесе Иско после асистенцијата на Бензема, а значаен бод за Леванте во борбата за опстанок донесе новото зимско засилување Пацини (89.)

Македонскиот интернационалец Енис Барди беше на клупата за резерви во домашниот тим, но овојпат не доби шанса за настап од тренерот Муниз.

На табелата води Барселона со 57 бодови која има шанса уште повеќе да ја зголеми предност особено во однос на Реал в недела на гостувањето кај Еспањол.

Избраниците на тренерот Зидан се наоѓаат на четвртото место со 39 бодови, додека Леванте е на 17. место со 20 бодови, односно засега е во безбедната зона, но не и далеку од екипите на кои што моментно им се заканува испаѓање од Примера.

Примера, 22. коло

Сабота, резултати:

Еибар-Севиља 5:1
Бетис-Виљареал 2:1
Алавес-Селта Виго 2:1
Леванте-Реал Мадрид 2:2

Табела:

1.Барселона 57 бодови
2.Атлетико Мадрид 46
3.Валенсија 40
4.Реал Мадрид 39
5.Виљареал 37
6.Севиља 33

17.Леванте 20

18.Депортиво Ла Коруња 17
19.Лас Палмас 14
20.Малага 13

Леванте – Реал Мадрид. Обзор матча. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.