Примера: „Кралевите“ рутински во Малага, Барди настапи против Атлетико Мадрид! (ВИДЕО)

Во неделата се одиграа четири натпревари од 32. коло од најсилното шпанско првенство…

Реал Мадрид дојде до уште една победа на гостувањето кај Малага со конечен резултат 1:2 (0:1).

„Кралевите“ поведоа преку Иско кој потоа асистираше до Касемиро во 63. мин., а конечниот епилог го постави Ролан (90+3).

Избраниците на тренерот Зидан се наоѓаат на третата позиција со 67 бодови, додека Малага останува последнопласирана со 17 и скоро за очекување е дека наскоро ќе биде промовирана како учесник во понискиот ранг Сегунда за следната сезона.

Во другите мечеви Еибар-Алавес 0:1, Хетафе-Еспањол 1:0, додека Атлетико Мадрид убедливо со 3:0 дома триумфираше над Леванте.

Кореја, Гризман и Торес се погрижија за вкупно 21. победа во шампионатот, против „јорганџиите“ при негатива од 1:0 целото второ полувреме го одигра македонскиот интернационалец Енис Барди како замена за Чејсон.

Атлетико е на второто место со 71 бод, 11 помалку зад водечката Барселона, додека Леванте останува на безбедното 17. место со 31 бод, сега само пет повеќе од Депортиво Ла Коруња во опасната зона за испаѓање на 18. позиција.

Малага – Реал Мадрид. Обзор матча от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.

Атлетико – Леванте. Обзор матча. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.