Примера: Конечно Леванте и Барди, а Барселона може и без Лео Меси! (ВИДЕО)

Се одиграа сите четири натпревари в сабота од 28. коло во најсилната шпанска фудбалска лига…

Конечно Леванте ги израдува своите навивачи со нов триумф сезонава и тоа на гостувањето кај Хетафе со резултат 0:1.

Стрелец на голот беше Коке во 79. мин. од средбата после асистенцијата на Иви. Претходно од 69. мин. како замена за Рожер настапи македонскиот интернационалец Енис Барди.

Во 83. мин. гостите останаа без играч помалку и црвениот картон на Руиз поради неспортски потег и тоа надвор од теренот.

Исто така, во самиот финиш (90+3) поради неспортски потег жолт картон доби и нашиот репрезентативец. На крајот три значајни бодови за Леванте во борбата за опстанок, да потсетиме, последен пат овој клуб во Примера славеше на победа на 19. ноември минатата 2017 год.

Барселона запиша нов триумф (0:2) кај Малага со головите на Суарез и Кутињо постигнати уште во првите 30. мин. од средбата на „Ла Розаледа“ стадионот. На овој дуел во редовите на каталонскиот гигант не настапи аргентинската ѕвезда Лионел Меси кој стана татко и по трет пат, откако му се роди синот Чиро, па така сега има три сина.

Ова беше целосно ден на гостите, Валенсија беше подобра од Севиља (0:2), а потсетување и дека Реал Мадрид со 1:2 го преслуша Еибар.

Табела: Барселона 72 бодови, Атлетико Мадрид 61, Реал Мадрид 57, Валенсија 56, Севиља 45, Жирона 43…

Леванте и понатаму е во безбедната зона на 17. позиција со 24 бодови, четири повеќе од засега небезбедниот Лас Палмас кој пак својот меч ќе го има в недела дома против Виљареал.

Во следното коло избраниците на тренерот Фернандез на 16. март 2018 год. (21:00 ч.) ќе го пречекаат тимот на Еибар и тоа е нова добра шанса за освојување на три вредни бода за останување во елитата.

Малага – Барселона. Обзор матча. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.