Примера: Суарез и Меси ја потопија „подморницата“, Атлетико сигурен во Севиља! (ВИДЕО)

Се одиграа вкупно четири натпревари од 15. коло во најсилното шпанско фудбалско првенство…

Составот на Барселона дојде до 12. триумф сезонава остварен кај Виљареал со конечен резултат 0:2.

Стрелци на головите за каталонскиот гигант беа Суарез во 72. и Меси во 83. минута од средбата после асистенциите на Пако и Бускетс.

Како и Барса, така и Атлетико Мадрид остануваат единствени досега без пораз, „јорганџиите“ со погодокот на Њигез во 29. минута по додавањето на Врсаљко славеше против Бетис.

Да додадеме уште дека Леванте загуби на домашен терен минимачно од Атлетик Билбао, а македонскиот интернационалец Енис Барди го одигра целиот меч во Валенсија.

Примера, 15. коло

Недела, резултати:

Реал Сосиедад-Малага 0:2
Бетис-Атлетико Мадрид 0:1
Леванте-Атлетик Билбао 1:2
Виљареал-Барселона 0:2

Табела:

1.Барселона 39 бодови
2.Валенсија 34
3.Атлетико Мадрид 33
4.Реал Мадрид 31
5.Севиља 28
6.Виљареал 21

18.Алавес 12
19.Малага 11
20.Лас Палмас 10

Вильярреал – Барселона. Обзор матча. Ла Лига 2017/18. Тур 15 от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.

Бетис – Атлетико. Обзор матча. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.