Примера: Два гола на Роналдо за јубилеј, „кралевите“ доминираа на Местаља! (ФОТО, ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал ја совладаа како гости екипата на Валенсија со 4:1, во дерби мечот од 21. во шпанската Примера.

Кристијано Роналдо беше двоен стрелец за „кралевите“, а двата погодоци ги постигна од белата точка, во 16. и 38. минута.

Сега Португалецот има реализирано над 100 пенали низ сите натпреварувања за својот клуб и репрезентација, односно вкупно 101 постигнат удар од белата точка, а 19 пати не бил успешен.

Надежта на домаќините дека можат до пресврт ја донесе Санти Мина во 58. минута, но играчите на Зинедин Зидан во финишот од мечот со головите на Марсело и Крос го обезбедија новиот триумф сезонава.

Реал со новите три бода и се доближи на Валенсија на само два бода заостанување, плус има и еден натпревар помалку.

Барселона и понатаму е убедливо првопласирана и има 16 бодови предност во однос на мадридски Реал. Во останатите дуели од саботната програма: Депортиво Ла Коруња-Леванте 2:2, Малага-Жирона 0:0, Виљареал-Реал Сосиедад 4:2.

Табела:

1.Барселона 54 бодови
2.Атлетико Мадрид 43
3.Валенсија 40
4.Реал Мадрид 38
5.Виљареал 37
6.Севиља 32

18.Депортиво Ла Коруња 17
19.Лас Палмас 14
20.Малага 13

Валенсия – Реал Мадрид. Обзор матча. Чемпионат Испании 2017/18. 21 тур. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.