Примера: Дали беше украдена победата на Барселона во Виго? (ВИДЕО)

Денеска се одиграа вкупно три натпревари од 33. коло во најсилното шпанско фудбалско првенство…

Составот на Барселона ремизираше на гостувањето кај Селта Виго (2:2), иако израмнувачкиот гол на домаќините беше евидентно постигнат со рака.

Поведоа избраниците на тренерот Валверде во 36. мин. преку Дембеле, а непосредно пред паузата израмни Хони.

Во 64. мин. повторно во водство беа каталонците благодарение на Пако, но само седум минути подоцна останаа и без играч на теренот поради црвениот картон на Роберто.

Ваквата предност на теренот ја искористи Селта во 82. мин. каде што најдобро во казнетиот простор на тер Штеген се најде Аспас кој практично од неговата рака топката заврши во мрежата.

Никој не виде, ниту реагираше од фудбалерите на Барса, но ваквиот сомнителен момент добро го забележаа камерите.

И со овој бод Барса направи уште еден чекор напред кон освојување на шампионската титула, се наоѓа на врвот со 83 бодови, 12 повеќе од второпласираниот Атлетико Мадрид кој својот меч ќе го има в четврток на гостувањето кај Реал Сосиедад.

Селта пак е на деветтото место со 44 бодови после осмото реми оваа сезона во Примера:

Сельта – Барселона. Обзор матча от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.