Примера: Барселона од 2:0 до 2:4 во Сан Себастијан! (ВИДЕО)

Во последниот натпревар од неделната програма на 19. коло во Примера…

Барселона после голем пресврт го совлада Реал Сосиедад во Сан Себастијан со 4:2.

Водеа домаќините со 2:0 после головите на Вилијан Хозе и Хуанми, а на пауза се замина со намалување од страна на Паулињо.

Во второто полувреме следуваа три погодоци на каталонскиот гигант, Суарез беше прецизен во 50 и 72. минута, а точка на мечот стави Лео Меси со спектакуалрен гол од слободен удар за негов 17-ти оваа сезона.

Сега Барселона има 11 бодови повеќе во однос на второпласираниот на табелата Атлетико Мадрид. Во останатите денешни дуели: Леванте-Селта Виго 0:1, Алавес-Севиља 1:0 и Еспањол-Атлетик Билбао 1:1.

Реал Сосьедад – Барселона. Обзор матча. Чемпионат Испании 2017/18. 19 тур. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.