Примера: Атлетико ја следи Барса, чекор назад за Валенсија! (ВИДЕО)

Се одиграа в сабота три натпревари од 16. коло во најсилното шпанско првенство…

Атлетико Мадрид дојде и до четвртиот триумф во низа дома на „Ванда Метрополитано“ против Алавес (1:0).

Стрелец на единствениот гол за „јорганџиите“ беше Торес во 74. минута после асистенцијата на Хрватот Врсаљко.

Без голови ремизираа Атлетик Билбао и Реал Сосиедад, додека со 2:1 Еибар пред своите гледачи ја изненади Валенсија.

Инуи ги израдува домаќините во 49. минута, потоа во 57-та израмни Мина, а во 87. минута Хордан ја донесе шестата победа сезонава за Еибар кој интересно моментно го има седмото место во генералниот пласман и е без пораз веќе пет мечеви во низа.

Табела: Барселона 39 бодови, Атлетико Мадрид 36, Валенсија 34, Реал Мадрид 31, Севиља 29, Виљареал 21…

Атлетико – Алавес. Обзор матча. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.