Примера: Алкасер го „украде“ шоуто во 600 меч на Меси! (ВИДЕО)

Барселона ја продолжи победничката низа на свој терен во оваа сезона и со 10. триумф и понатаму цврсто стои на врвот во Примера.

Вечерва во 600. меч на аргентинскиот интернационалец Лионел Меси за Барселона, избраниците на тренерот Ернесто Валверде славеа на „Камп Ноу“ против Севиља со 2:1.

Поведе каталонскиот гигант во 23. минута кога Пако Алкасер погоди за 1:0 после една грешка на дефанзивците на Севиља.

Гостите успеаја да израмнат после еден корнер, а стрелец беше Пизаро во 59. минута од средбата. Само шест минути подоцна домаќинот се врати во позитива, асистираше Хрватот Иван Ракитиќ против својот поранешен клуб, а конечниот епилог го постави Алкасер.

Примера, 11. коло

Валенсија-Легањес 3:0
Депортиво Ла Коруња-Атлетико Мадрид 0:1
Алавес-Еспањол 1:0
Барселона-Севиља 2:1

Табела:

1.Барселона 31 бод
2.Валенсија 27
3.Атлетико Мадрид 23
4.Реал Мадрид 20
5.Севиља 19
6.Виљареал 17

18.Алавес 6
19.Лас Палмас 6
20.Малага 4

Барселона – Севилья 2:1. Обзор матча. Чемпионат Испании 2017/18. 11 тур. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.