Пријателски мечеви: Бразил без проблеми со Јапонија, а Србите подобри од Кина! (ВИДЕО)

Денеска се одиграа нови пријателски натпревари, репрезентацијата на Бразил со 3:1 ја совлада Јапонија, а Србија со 2:0 во Гвангжу ја надигра Кина.

Нашиот северен сосед триумфираше против оваа азиска селекција благодарение на погодоците на Љајиќ во 20. и Митровиќ во 69. минута од средбата.

Бразилците сите дилеми ги решија уште во првото полувреме, најпрвин Нејмар од пенал реализираше за водство во 10. минута.

Играчот на ПСЖ не беше прецизен од истата позиција седум минути подоцна, но веднаш го поправи фудбалерот на Реал Мадрид, Марсело.

Во 36. минута „кариоките“ доаѓаат и до трет погодок преку Габриел Хесус после асистенцијата на Данило. Нивниот противник успеа само да го ублажи поразот преку Макино во 63. минута по додавањето на Идегучи.

Пријателски натпревари, резултати:

Јужна Кореја-Колумбија 2:1
Кина-Србија 0:2
Јапонија-Бразил 1:3
Грузија-Кипар 1:0

Япония – Бразилия 1:3. Обзор товарищеского матча. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.

Китай – Сербия. Обзор товарищеского матча. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.