Премиерлига: Возбудлив финиш, Чемберс како „Дедо Мраз“, Венгер лут на судиите! (ВИДЕО)

Арсенал и ВБА ги поделија бодовите (1:1) во рамките од 21. коло во Премиерлигата.

Натпреварот беше неизвесен до самиот крај, а гледачите имаа што да видат на Хавтонс во текот на 90-те минути.

Освен двата гола, беа забележани и шест жолти картони, што е над просекот во најсилното англиско фудбалско првенство.

Првото полувреме заврши без голови, а фудбалерите на двете екипи најголемите возбудувања ги оставија за последните десет минути од средбата.

Санчез со еден прекрасен гол од слободен удар во 83. минута донесе предност за „топчиите“ и сите помислија дека ќе си заминат со три бода од ова гостување.

Само пет минути подоцна Родригез реализираше од белата точка, откако одбранбениот играч на гостите Чемберс играше со рака во казнетиот простор.

Ова реми додатно го оддалечи Арсенал од борбата за Топ 4, а бодот беше добредојден за домаќините во битката за опстанок оваа сезона.

Вест Бромвич – Арсенал. Обзор матча. АПЛ, Тур 21 от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.