Премиерлига: Ваков Јунајтед посакуваат да гледаат на „Олд Трафорд“! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го совладаа на свој терен Стоук со 3:0 во последниот натпревр од 23. коло од Премиерлигата.

„Црвените ѓаволи“ со оваа победа на 12 бода го намалија заостанувањето зад лидерот и градски ривал Манчестер Сити кој го претрпе првиот пораз сезонава на „Енфилд“ од Ливерпул (4:3).

Првото полувреме на „Олд Трафорд“ донесе многу возбудувања, а домаќинот до предност дојде благодарение на погодокот на Антонио Валенсија во деветтата минута од средбата.

Домаќинот ја зголеми позитивата во 38. минута, а стрелец беше Ентони Марсијал после асистенцијата на Пол Погба.

Стоук во завршницата од првиот дел имаше неколку добри шанса да намали, но добри интервенции имаше шпанскиот голман Давид Де Геа.

Конечниот епилог беше поставен во второто полувреме, поточно во 72. минута кога во мрежата на Батленд стрелаше Ромелу Лукаку.

Манчестер Юнайтед – Сток Сити. Обзор матча. АПЛ, Тур 23 от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.