Премиерлига: Тотенхем после 28. години го „покори“ Стемфорд Бриџ! (ФОТО, ВИДЕО)

Се одиграа денеска уште два натпревари во рамките од 32. коло во најсилното англиско фудбалско првенство…

Составот на Тотенхем на стадионот „Стемфорд Бриџ“ во Лондон го совлада Челзи со резултат 1:3, на полувремето беше 1:1.

Поведоа „сините“ со голот на Мората, но избраниците на менаџерот Покетино направија целосен пресврт благодарение на Ериксен и двата голови на Али во текот на второто полувреме.

Тимот на Антонио Конте се оддалечи уште повеќе од Топ 4 позиции на табелата кои водат директно во групната фаза на Лигата на шампионите наредната сезона, односно моментно го имаат петтото место со 56 бодови, осум помалку зад четвртопласираниот Тотенхем.

В недела се одигра уште еден меч, на „Емирати“ стадионот Арсенал со убедливи 3:0 го совлада Стоук, двапати во листата на стрелците се запиша Обамејанг, а еднаш Лаказет од пенал во 89. мин.

„Топчиите“ после 15. победа сезонава се на шестата позиција во генералниот пласман со 51 бод, додека Стоук останува во опасната зона за испаѓање на 19. претпоследно место со 27 бодови, три помалку зад засега „безбедниот“ Кристал Палас.

Да додадеме уште дека последен пат Тотенхем славеше на „Стемфорд Бриџ“ во февруари далечната 1990. година. Уште еден интересен податок, Ериксен го израмни неговиот најдобар рекорд на постигнати голови во една сезона во дресот на Спарси, има вкупно 12, колку што имаше во сезоните 2014/2015 и 2016/2017.

Челси – Тоттенхэм. Обзор матча. Англия. Премьер-лига 2017/18. 32 тур. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.