Премиерлига: Тешки три бода за Челзи – Азар беше човекот на одлука! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Челзи го совладаа денеска Борнмут на гостински терен со 0:1 во 10. коло од Премиерлигата.

Стрелец на единствениот гол за „сините“ од Лондон беше белгискиот интернационалец Еден Азар кој ја надмудри противничката одбрана и најде пат до мрежата на Беговиќ.

Шампионот триумфираше втор пат по ред и моментно е четвртопласиран на табелата со 19 бодови, додека Борнмут е претпоследен, во опасната зона за испаѓање на 19. позиција со седум освоени бодови.

Премиерлига, 10. коло

Сабота, резултати:

Манчестер Јунајтед-Тотенхем 1:0
Арсенал-Свонси 2:1
Кристал Палас-Вест Хем 2:2
Ливерпул-Хадерсфилд 3:0
Вотфорд-Стоук 0:1
Вест Бромвич-Манчестер Сити 2:3
Борнмут-Челзи 0:1

Табела:

1.Манчестер Сити 28 бодови
2.Манчестер Јунајтед 23
3.Тотенхем 20
4.Челзи 19
5.Арсенал 19

18.Евертон 8
19.Борнмут 7
20.Кристал Палас 4

Борнмут – Челси 0:1. Обзор матча. Англия. Премьер-лига 2017/18. 10 тур. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.