Премиерлига: Што ли направи Лукаку, „граѓаните“ чекор поблиску до титулата! (ВИДЕО)

Во рамките од 16. коло во дербито на „Олд Трафорд“, екипата на Манчестер Сити славеше против Манчестер Јунајтед (1:2).

Водеа „граѓаните“ со голот на Силва од 43. минута, а непосредно пред паузата израмнија „црвените ѓаволи“ благодарение на Решфорд.

Во 54. минута избраниците на Гвардиола дојдоа до трите бода откако невнимателноста на Лукаку ја искористи Отаменди.

Премиерлига, 16. коло

Недела, резултати:

Саутемптон-Арсенал 1:1
Ливерпул-Евертон 1:1
Манчестер Јунајтед-Манчестер Сити 1:2

Табела:

1.Манчестер Сити 46 бодови
2.Манчестер Јунајтед 35
3.Челзи 32
4.Ливерпул 30
5.Арсенал 29

18.Вест хем 13
19.Свонси 12
20.Кристал Палас 11

Манчестер Юнайтед – Манчестер Сити. Обзор матча. Англия. Премьер-лига 2017/18. 16 тур. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.