Премиерлига: Спектакуларен пресврт на Манчестер Јунајтед во Лондон! (ФОТО, ВИДЕО)

Вечерва во 29. коло од најсилното англиско фудбалско првенство нов триумф за избраниците на менаџерот Жозе Мурињо.

На гостувањето во Лондон екипата на Манчестер Јунајтед со резултат 2:3 успеа да го совлада Кристал Палас иако имаше негатива од 2:0.

Водеа домаќините со головите на Таунсенд и ван Анхолт, а „црвените ѓаволи“ направија целосен пресврт благодарение на Смолинг, Лукаку и Матиќ.

На табелата Јунајтед е втор со 62 бодови, но сеуште далеку зад водечкиот Манчестер Сити кој има 78, додека Кристал Палас после 14. пораз (трет по ред) се наоѓа во опасната зона за испаѓање на 18. позиција со 27 бодови.

Уште еден интересен податок, имено Манчестер Јунајтед останува непоразен во дуелите со Кристал Палас во Премиерлигата, од 18. одиграни мечеви, има 15 победи и три нерешени средби.

Кристал Пэлас – Манчестер Юнайтед. Обзор матча. Англия. Премьер-лига 2017/18. 29 тур. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.