Премиерлига: Сити тргна по титулата, Јунајтед го запре среде „Етихад“! (ФОТО, ВИДЕО)

Се одигра дербито од 33. коло во најсилното англиско фудбалско првенство на стадионот „Етихад“…

Манчестер Јунајтед иако имаше негатива после првото полувреме, направи целосен пресврт (2:3) и само го одложи славјето на Манчестер Сити во новата шампионска титула.

„Граѓаните“ водеа со головите на Компани и Гундоган, а во вториот дел за израмнување веднаш се погрижи Погба со два погодоци, а конечниот епилог го постави Смилинг во 69. мин. од средбата.

Уште еден интересен податок, „црвените ѓаволи“ се првите кои го совладаа Сити на „Етихад“ во Премиерлигата од декември 2016 год. кога триумфираше Челзи.

Премиерлига, 33. коло

Сабота, резултати:

Евертон-Ливерпул 0:0
Борнмут-Кристал Палас 2:2
Брајтон-Хадерсфилд 1:1
Лестер-Њукасл 1:2
Стоук-Тотенхем 1:2
Вотфорд-Барнли 1:2
Вест Бромвич-Свонси 1:1
Манчестер Сити-Манчестер Јунајтед 2:3

Табела:

1.Манчестер Сити 84 бодови
2.Манчестер Јунајтед 71
3.Ливерпул 67
4.Тотенхем 67
5.Челзи 56
6.Арсенал 51

18.Саутемптон 28
19.Стоук 27
20.Вест Бромвич 21

Манчестер Сити – Манчестер Юнайтед. Обзор матча. Англия. Премьер-лига 2017/18. 33 тур. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.