Премиерлига: „Петарда“ на Ливерпул, магичниот Салах броеше до 4 на „Енфилд“! (ВИДЕО)

Денеска во рамките од 31. коло составот на Ливерпул на домашен терен го совлада Вотфорд со 5:0.

На стадионот „Енфилд“ прекрасна партија имаше египетскиот интернационалец Салах кој четири пати се запиша во листата на стрелците.

Беше и асистент во 49. минута од средбата кога гостинската мрежа на Карнезиц ја затресе Бразилецот Фирмино. Ова е 18. победа за Редси кои се на третата позиција со 63 бодови зад водечките Манчестер Сити (81) и Манчестер Јунајтед (65) кои имаат и меч помалку.

Поради настапите во ФА Купот се одиграа три од закажаните шест средби во попладневните часови: Борнмут-Вест Бромбич 2:1, Хадерсфилд-Кристал Палас 0:2 и Стоук-Евертон 1:2. Одложени се мечевите: Барнли-Челзи, Лестер-Арсенал и Свонси-Саутемптон.