Премиерлига: „Нула“ на Стемфорд Бриџ, конечно малку радост и за ВБА (ФОТО, ВИДЕО)

Се одиграа шест натпревари во рамките од 23. коло во најсилното англиско фудбалско првенство…

Во дербито немаше голови (0:0) на „Стемфорд Бриџ“ помеѓу екипите на Челзи и Лестер, иако гостите од 68. минута играа со фудбалер помалку поради двата жолти картони на Чилвел.

После подолго време на три бода се радува тимот на Вест Бромвич Албион, откако на домашен терен со резултат 2:0 го совлада Брајтон со головите на Еванс во четвртата и Досон во 55. минута од средбата.

Тоа беше прекин на серијата од 20 мечеви без победа, фактички претходните два триумфи ги имаат во стартните две кола оваа сезона во Премиерлигата.

На останатите денешни дуели: Кристал Палас-Барнли 1:0, Хадерсфилд-Вест Хем 1:4, Њукасл-Свонси 1:1, Вотфорд-Саутемптон 2:2, Тотенхем-Евертон 4:0.

Табела:

1.Манчестер Сити 62 бодови
2.Манчестер Јунајтед 47
3.Челзи 47
4.Ливерпул 44
5.Тотенхем 44

18.Стоук 20
19.ВБА 19
20.Свонси 17


Челси – Лестер. Обзор матча. Англия. Премьер-лига 2017/18. 23 тур. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.