Премиерлига: Манчестер Сити го доби дербито против Челзи! (ВИДЕО)

Се одиграа сите седум натпревари в сабота во рамките од седмото коло во најсилното англиско првенство.

Во дербито Манчестер Сити на „Стемфорд Бриџ“ успеа да го совлада Челзи со минимален резултат 0:1. Стрелец на единствениот гол за „граѓаните“ беше белгискиот интернационалец де Брујн после асистенцијата на Габриел Хесус во 67. минута од средбата.

„Црвените ѓаволи“ на својот „Олд Трафорд“ убедливо со 4:0 го преслушаа тимот на Кристал Палас. Двапати во листата на стрелците се запиша Фелаини, а по еднаш Мата кој ја започна и Лукаку кој ја заврши гол-серијата.

На табелата тимот предводен од Пеп Гвардиола и понатаму е на првото место со 19 бодови, колку што има и Манчестер Јунајтед на второто, а „сините“ од Лондон после вториот триумф сезонава се четвртопласирани со 13 бодови, еден помалку зад третопласираниот Тотенхем.

Во останатите дуели: Хадерсфилд-Тотенхем 0:4, Борнмут-Лестер 0:0, Манчестер Јунајтед-Кристал Палас 4:0, Стоук-Саутемптон 2:1, Вест Бромвич-Вотфорд 2:2, Вест Хем-Свонси 1:0.

Челси – Манчестер Сити 0:1. Обзор матча от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.