Премиерлига: Манчестер Јунајтед во финишот славеше во дербито против Арсенал! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го совладаа Арсенал со 2:1 во дербито од Премиерлигата…

Пол Погба му донесе предност на домаќинот во 16. минута, но Арсенал израмни со голот на Хенрик Мхитарјан во 51.

Ерменцот не го прослави голот, иако ниту самиот не се прослави на „Олд Трафорд“ пред трансферот во Лондон. Потоа, Јунајтед во финишотја затресе мрежата на Арсенал, но голот на Маркус Решфорд беше поништен поради офсајд.

Сепак, во последните минути, поточно 91-та, резервниот играч на „црвените ѓаволи“ Маруан Фелаини постигна гол вреден победа и големо славје во Манчестер.

Да додадеме уште дека шампионот Манчестер Сити ја оправда фаворитската улога на гостувањето во Лондон кај Вест Хем (1:4).

Премиерлига, 36. коло

Недела, резултати:

Вест Хем-Манчестер Сити 1:4
Манчестер Јунајтед-Арсенал 2:1

Табела:

1.Манчестер Сити 93 бодови
2.Манчестер Јунајтед 77
3.Ливерпул 72
4.Тотенхем 68
5.Челзи 66
6.Арсенал 57
7.Барнли 54

18.Саутемптон 32
19.Стоук 30
20. Вест Бромвич 28