Премиерлига: Ливерпул силен во Лондон, се „тресе“ клупата на Билиќ! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул го победија во Лондон Вест Хем со 4:1, во натпреварот од 11. коло на Премиерлигата и ја оствари втората победа по ред.

За Редси двапати во листата на стрелците се запиша Салах, по еднаш Матип и Окслејд-Чемберлејн, а на спротивната страна шестиот пораз сезонава го ублажи Ланцини на „Олимпискиот стадион“ во Лондон.

Веќе четврти меч во низа избраниците на менаџерот Славен Билиќ не можат да дојдат до триумф, па британските медиуми се почесто шпекулираат заминување на хрватскиот стратег од клупата на „чеканите“.

Премиерлига, 11. коло

Стоук-Лестер 2:2
Хадерсфилд-Вест Бромвич 1:0
Њукасл-Борнмут 0:1
Саутемптон-Барнли 0:1
Свонси-Брајтон 0:1
Вест Хем-Ливерпул 1:4

Табела:

1.Манчестер Сити 28 бодови
2.Манчестер Јунајтед 23
3.Тотенхем 20
4.Челзи 19
5.Арсенал 19

18.Свонси 8
19.Евертон 8
20.Кристал Палас 4

Вест Хэм – Ливерпуль 1:4. Обзор матча. Англия. Премьер-лига 2017/18. 11 тур. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.